Данскиот режисер Ларс фон Трир годинава се враќа на Филмскиот фестивал во Кан, после седум години од скандалот што го предизвика со контроверзната изјава за нацистичкиот лидер Адолф Хитлер.
– Претседателот на фестивалот Пјер Лескир и управниот одбор одлучија да го повикаат Фон Трир во Кан, добитникот на Златна палма во 2000 година – навеле организаторите на фестивалот и додале дека неговиот последен филм „Куќата што ја изгради Џек“, ќе биде прикажан вон натпреварувачкиот дел.