Американската пејачка Лана Дел Реј (33) во 2012 година беше на врвот на кариерата со албумот „Born to die“, а имаше и впечатлив ретро стил.
Атрактивната музичарка тогаш ја критикуваа дека претерала со пластичните операции на лицето поради што ги изобличила усните и носот.
Сопственичката на хитовите „Blue Jeans“, „Summertime Sadness“, „West Coast“, „Video Games“, „National Anthem“ и „Born to die“ не ја погодувале, како што тврдела, злобните коментари.
Лана денес изгледа речиси непрепознатливо… Папараците ја фотографирале кога на почетокот на неделата одела на вечерна миса на Беверли хилс.
Пејачката била одлично расположена и не се осврнувала на фотографите, а многумина забележале дека повеќе не се шминка како порано.
– Што се случува со неа, наталожила многу килограми – е еден од коментарите на обожавателите.
Лана во мај почна да се провлекува по медиумите откако музичарот Моби (53) го опиша нивното излегување од 2006 година во своите контроверзни мемоари „Then It Fell Apart“. Пишувал, помеѓу другото, дека се бакнувале, но пејачката потоа не му се јавила.
– Тогаш сè уште не беше позната и се викаше Лизи Гранд – рекол Моби. Лана сè уште не го дала својот коментар.
FOTO: Printskrin/Instagram