Ламборџинито на Папата продадено за фантастични 715 илјади евра

Специјалното Lamborghini настанало во одделението за персонализација на италијанскиот произведувач. Автомобилот е во бела боја, со златножолти детали во чест на државниот симбол на Ватикан.

156

Во пресрет на аукцијата која се одржа минатата недела во Монте Карло се предвидуваше дека специјалниот Lamborghini Huracan RWD Coupe, кој производителот му го подари на папата Францискo во 2017, ќе достигне цена помеѓу 250 и 350 илјади евра.

Со оглед дека актуелниот Папа ширум светот е познат по тоа дека користи исклучително скромни и евтини автомобили, Lamborghini со неговиот потпис од почетокот бил предвиден за продажба, а 715 илјади евра, цената постигната на аукцијата ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

Специјалното Lamborghini настанало во одделението за персонализација на италијанскиот произведувач. Автомобилот е во бела боја, со златножолти детали во чест на државниот симбол на Ватикан.

Внатрешноста е изведена во комбинација од црни и бели детали, со додаток на кожа.

ФОТО: Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...