Лазиќ ќе добие вештачки колк

1087
Foto: Damir Dervišagić, Kurir

Ѕвездата на Гранд, Дарко Лазиќ утрово бил однесен во операциска сала, а после четири часа бил завршен првиот дел од операцијата. Во моментов тој добивал вештачки колк, рекол извор за српски „Курир“.

Во ходникот на болницата го чекале родителите на пејачот и неговата свршеница Марина.

– Сигурна сум дека ќе биде добро. Тука сме и чекаме да заврши операцијата – изјавила Марина.

Лазиќ на 23 октомври со возило „бмв“, изгубил контрола, слетал од патот и се превртел на кров. Возел со брзина поголема од 150 километри на час и имал 1,39 промили алкохол во крвта.

ФОТО: Дамир Дервишагиќ, српски „Курир“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...