Лажни пријави за бомби ја вознемирија Бугарија

130

Бугарската полиција почна да истражува неколку закани за бомби испратени преку мејл до медиумски куќи во Софија и до најголемите аеродроми во земјата, пренесува БНТ.

Екипи на специјалните единици бараа експлозив на аеродромите во Софија, Пловдив, Варна и Бургас, како и во редакциите на бугарската државна телевизија и водечкиот весник „24 часа“, но ништо не нашле.

Полицијата соопшти дека очигледно е дека целта на заканите била да се поремети нивната работа. Тие кои ги испратеиле мејловите користеле средства за прикривање на идентитетот на интернет и на провајдерите лоцирани надвор од Бугарија, навела полицијата.

Според информациите, слични пораки вчера биле испратени до аеродромите и медиумските куќи во други земји на ЕУ, не наведувајќи кои држави се во прашање.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...