Лажна тревога за пожар во британскиот Парламент

30

Британскиот Парламент беше евакуиран денеска поради предупредување за пожар, но по 20-ина минути, обезбедувањето дозволи работата на институцијата да продолжи, јавија британски медиуми.

Парламентарците биле известени да го напуштат објектот преку разгласниот систем откако се вклучил и звучниот аларм за пожар.

Алармот прекинал по 20-ина минути подоцна и на пратениците, вработените од службите и на новинарите им било дозволено да се вратат во Вестминстерската палата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...