Лажна тревога експресно ја блокира областа околу Бакингемската палата

87

Полицијата во Лондон накратко ја блокираше областа околу Бакингемската палата.

Причината – сомнително паркиран микобус, објави Ројтерс. Силите за одржување на редот дејствувале брзо и веднаш го блокирале возилото.

Полицајците го уапсиле возачот на комбето. Тој бил испрашуван.

Според последните официјални информации, нема причина за грижа, и тоа не е терористички чин.

Портпаролот на британската полиција ја потврди информацијата за лажна тревога.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...