Лажна дојава за бомба во суд во Сараево

44

Предупредувањето за бомба во сараевскиот кантонски суд кое претходно беше упатено е лажно, соопшти полициската управа на Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево.

– Извршен е преглед на просториите на Судот и утврдено е дека дојавата за бомба била лажна – изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево.

Тој додаде дека полициските службеници работат на идентификување и лоцирање на непознато лице кое ја упатило лажната закана.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...