Имено, андроидот „Борис“ ги демонстрирал своите танцувачки вештини и кажал неколку реплики на руската државна телевизија „Россија 24″, а ТВ екипата сѐ тоа го прикажала како пример за технолошките постигнувања на земјата.
Набргу потоа, сепак, на интернет се појавија слики на кои јасно се гледа вратот на човекот внатре. Откриено е дека „Борис” е всушност вештачки костим-маска, наречен „Аљоша”, од компанијата Шоу Робот, и истиот чини 250.000 рубљи (3.314 евра).
Во официјално соопштение од „Россија 24″ признава дека се жртва на измама.
Информацијата за рускиот „супер робот“ првпат била објавена од информативната агенција МБХ Медиа, основана од Михаил Ходорковски, политички опонент на рускиот претседател Владимир Путин.