Лагард: ММФ оптимист за глобалниот економски раст

Меѓународниот монетарен фонд е оптимист во поглед на глобалниот економски раст, но предупредува на можноста од „надвиснување темни облаци“ доколку продолжи намалувањето на финансирањето и растот на каматите.

55

Меѓународниот монетарен фонд е оптимист во поглед на глобалниот економски раст, но предупредува на можноста од „надвиснување темни облаци“ доколку продолжи намалувањето на финансирањето и растот на каматите, изјави директорката на Фондот, Кристин Лагард.

Во говор во Хонг Конг, таа истакна дека за глобалната економија е најважно да се спречи протекционизмот и да се обезбеди долгорочен раст.

– Историјата не учи дека ограничувањето на извозот им штети на сите, а посебно на посиромашните корисници, изјави Лагард за трговската војна меѓу САД и Кина.

Таа оцени дека доколку се кршат правилата на Светската трговска организација може да дојде до пропаѓање на колективните правила и да доведе до долгорочни последици.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...