Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави денеска дека ја прифатил поканата на севернокорејскиот колега И Јон-хо да го посети Пјонгјанг.
На прес-конференција по разговорите меѓу двајцата шефови на дипломатии во Москва, Лавров истакна дека детално биле разгледани односите меѓу двете земји, како и културните и хуманитарни врски, но и соработката во меѓународните организации.
– Москва ги поздравува плановите за средба меѓу севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и претседателот на САД Доналд Трамп – нагласи шефот на руската дипломатија, додавајќи дека тоа е чекор кон намалување на тензиите околу нуклеарната програма на Пјонгјанг.
Тој нагласи и дека засега не се предвидува средба меѓу рускиот претседател Владимр Путин и Ким Џонг-ун.
ФОТО: EPA/AARON UFUMELI