Новите американски санкции против Иран се контрапродуктивни и дестабилизирачки, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Тој порача дека официјален Вашингтон „треба добро да размисли каде води таквата политика“.
– Американските официјални претставници треба добро да размислат до каде може да доведе таквата неразумна и непромислена политика- истакна шефот на руската дипломатија.
Photo: EPA / YURI KOCHETKOV