Лавров: САД побараа совет од Русија пред Самитот Трамп – Ким

257
ФОТО: EPA/AARON UFUMELI
ФОТО: EPA/AARON UFUMELI

Вашингтон побара совет од Москва пред состанокот на лидерите на САД и Северна Кореја, Доналд Трамп и Ким Џонг-ун во Ханој, што ќе биде одржан кон крајот на неделата, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во Виетнам.

Тој наведе дека нема брзо решение на прашањето за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров, наведувајќи дека Обединетите Нации би можеле да укинат некои санкции кон Северна Кореја, кои ги оптоваруваат односите помеѓу Пјонгјанг и Сеул.

Лавров, кој учествуваше во виетнамскиот град Хо Ши Мин на Конференција за меѓународна соработка, изјави дека разговорите на шестте земји – Русија, Кина, САД, Јапонија, Северна и Јужна Кореја за нуклеарното прашање на Корејскиот Полуостров би можеле да бидат корисни за да се постигне напредок во дијалогот помеѓу Вашингтон и Пјонгјанг.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...