Лавров: САД му наштетија на мировниот процес со нападите во Сирија

73
ФОТО: EPA/AARON UFUMELI
ФОТО: EPA/AARON UFUMELI

Со нападите што САД ги изведоа во Сирија во саботата заедно со Велика Британија и Франција, му нанесоа штети на сирискиот мировен процес, оцени денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

– На 14 април во Сирија не беа бомбардирани само измислени хемиски објекти, туку и преговорите во Женава – изјави Лавров по средбата во Москва со пратеникот на ОН за Сирија, Стафан де Мастура.

Тој нагласи дека по неодманешната средба на претседателите на Русија, Турција и Иран процесот се доближил до обнова на мировните преговори. – Таа можност пропадна по нападите, нагласи Лавров.

Де Миструра, од своја страна, повика на намалување на тензиите во Сирија.

– Неопходна е не само воена, туку и политича деескалација. Се надевам дека тоа ќе биде можно со нови разговори – додаде Де Мистура.

Тој нагалси и дека ОН се залагаат инспекторите на Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОПЦВ) да ја завршат својата работа во сирискиот град Дума, за каде постои сомнеж дека на 7 април е извршен хемиски напад.

Според Де Мистура. ОН се залагаат инспекторите да го истражат „местото на хемискиот напад“, што е можно побрзо и без никакво попречување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...