Лавров: Русија се залага за свет без дрога

52
Photo: EPA / YURI KOCHETKOV
Русија се залага за свет без дрога базиран на строго почитување на конвенцијата за наркотични средства, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

– Русија е цврсто посветена на изградба на свет без дрога. Уништувањето на наркотичното зло и отстранувањето на целото човечко страдање, значајно ќе придонесе за слободата на поединци и ќе го заштити достоинството на човекот, рече Лавров на состанокот на земјите потписнички на Меморaндумот за соработка во областа на контрола на дрогата во Ташкент, Узбекистан.

Тој истакна дека Русија смета оти постоечките конвенции за опојни дроги мораат да се почитуваат во целост.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...