Лавров: Русија нема намера да се врати во Г-7

191
ФОТО: EPA/AARON UFUMELI
ФОТО: EPA/AARON UFUMELI

Русија не планира да се врати во групата Г-7, изјави денеска рускиот министер за надворени работи Сергеј Лавров.

Тој нагласи дека Русија „никогаш не сакала да се врати“ во групата, од каде беше исклучена во 2014 година, по анексирањето на Крим и избувнувањето на конфликтот со проруските сепаратисти во источна Украина.

– Русија е задоволна од работата на Г-20 – истакна Лавров.

Рускиот министер за надворешни работи објасни дека, во таа поголема група „ултиматумите не функционираат и имате потреба да постигнете договор“.

Синоќа американскиот претседател Доналд Трамп апелираше Русија да се врати во Г-7, но Канада, Велика Британија, Германија и Франција се спротивставија на тоа, додека Италија ја поддржа идејата на Трамп.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...