Лавров побарал од САД да ја ослободи Русинката обвинета за шпионажа

168

Рускиот министер за надворешни работи му рекол на американскиот колега дека обвинувањата против жената која е приведена за шпионажа во САД под сомнение дека е руски агент „се измислени“ и дека треба да ја пушти на слобода.

Сергеј Лавров за случајот на Марија Бутина искоментирал во телефонскиот разговор со државниот секретар на САД Мајкл Помпео, на кој целта му била подобрување на билатералните односи, навело руското министерство за надворешни работи.

Министрите разговарале и за подобрување на хуманитарната состојба во Сирија.

Руската државјанка е уапсена во понеделникот во САД и е обвинета за „дејствување како агент на Руската Федерација во Соединетите Држави.“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...