Лавров: Невозможни се средби со Украина по убиството на Захарченко

Безбедносните служби на донетските сепаратисти ја обвинија Украина за атентатот, додека украинските безбедносни служби негираа вмешаност.

123
ФОТО: EPA/AARON UFUMELI
ФОТО: EPA/AARON UFUMELI

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека убиството на донетскиот сепаратистички водач Александар Захарченко е провокација од страна на Украина и ќе го поткопа мировниот договор од Минск, јави новинската агенција ТАСС.

– Во сегашната состојба, не може да стане збор за нов состанок во „нормандискиот формат“, што многумина од нашите европски партнери го посакуваа. Ова е сериозна состојба која мора добро да се разгледа – изјави Лавров, зборувајќи за средбите во формат Украина, Русија, Германија и Франција.

Захарченко, кој беше прогласен за претседател на Донетската народна република – една од двете источни области кои сакаат да се отцепат од Украина – беше убиен вчера од подметната бомба. Безбедносните служби на донетските сепаратисти ја обвинија Украина за атентатот, додека украинските безбедносни служби негираа вмешаност.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...