Лавров: На Русија не и требаат посредници во спорот со Украина

877
ФОТО: EPA/AARON UFUMELI
ФОТО: EPA/AARON UFUMELI

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска ја отфрли идејата за меѓунеродно посредување во спорот меѓу Русија и Украина околу руската заплена на три украински брода во неделата во близината на Крим.

– Не гледам никаква причина за какви било посредници – изјави Лавров по средбата со неговиот француски колега Жан-Ив ле Дријан во Париз.

Изјавата на Лавров претставува реакција на предлогот на германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас, Германија, Франција, Русија и Украина заеднички да работат на намалување на тензиите.

Според Лавров, украинските западни поддржувачи треба да му испратат јасен сигнал на Киев да се воздржува од какви било провокации со цел да не се повторат инциденти како тој во неделата кога руската армија отвори оган врз три украински воени брода, кои се обиделе од Црното Море да влезат во Керченскиот Теснец. По вооружениот инцидент, руските сили ги задржаа украинските бродови заедно со 24-ца членови на нивните екипажи.

Ле Дријан, од своја страна, ги повика Русија и Украина на намалување на тензиите.

– Сакаме сите страни да покажат воздржаност. Милитаризацијата на таа зона би можела да доведе до инциденти – нагласи Ле Дријан.

Тој информира дека од Лавров побрал Русија да ги ослободи украинските морнари и бродови и најави дека ќе разговара и со неговиот украински колега Павло Климкин во обид да придонесе за намалување на тензиите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...