Лавров: Напорите на ЕУ пропаднаа, а САД ја притискаат Приштина да формира војска

262
ФОТО: EPA-EFE / SERGEI ILNITSKY

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска оцени дека обидите на ЕУ за посредувањето помеѓу Белград и Приштина пропаднале, додавајќи дека врз Приштина и се врши притисок однадвор, пред се од САД, за формирање сопствена армија.

– Очигледно е дека напорите на ЕУ пропаднаа, бидејќи Приштина одби да ги спроведе сите договори кои досега беа постигнати – изјави Лавров.

Рускиот министер за надворешни работи посочи дека ова се однесува пред се на формирањето на Заедницата на српските општини.

– Напорите на Приштина за формирање своја армија претставуваат најгрубо кршење на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН. Покрај тоа, врз Приштина се врши притисок од надвор, а пред сè од САД – додаде Лавров.

По средбата со министерот за надворешни работи и меѓународна соработка на Комороските Острви, Мохамед Ел-Амин, Лавров истакна дека Русија ја поздрави „одлуката на Комори да го повлече признавањето на Косово“.

– Ние, секако, ја поздравуваме оваа одлука. Русија и во иднина ќе продолжи да се придржува кон одлуките донесени од страна на Советот за безбедност, а пред се Резолуцијата 1244 која предвидува дека Косово е дел од Србија. Сите чекори мора да се преземат во согласност со таа Резолуција – нагласи Лавров.

ФОТО: EPA-EFE / SERGEI ILNITSKY

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...