Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска во телефонски разговор го предупреди американскиот државен секретар Мајк Помпео дека доколку САД продолжат со агресивни потези против Венецуела тоа ќе има страшни последици.
– Се забележува дека постојаните агресивни чекори ќе имаат најдраматични последици – се наведува во соопштението на руското МНР.
Лавров, исто така, го осуди „мешањето“ на САД во внатрешните работи на Венецуела како кршење на меѓународното право, додавајќи дека е потребен дијалог на сите политички сили во таа земја.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.
loading...