Лавров: Москва ќе прифати да организира средба Трамп – Путин

66
ФОТО: EPA-EFE / SERGEI ILNITSKY

Москва ќе одговори позитивно доколку добие официјална понуда од Вашингтон да организира средба меѓу претседателите на Русија и САД,  Владимир Путин и Доналд Трамп, за време на самитот на Г20 во Осака, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

– Ние, секако, ги слушнавме изјавите на Трамп дека очекува да се сретне со претседателот Путин, во рамки на Самитот на Г20 во Осака. Ако добиеме таков предлог, ние, се разбира, ќе одговориме позитивно – рече Лавров.

На заедничката прес-конференција со американскиот државен секретар Мајк Помпео, Лавров рече дека средбата на двајцата претседатели била и една од темите на нивниот разговор во Сочи.

Помпео денеска, на средбата со рускиот колега Лавров, рече дека Трамп е посветен на подобрување на односите со Русија.

Тој додаде дека двете земји не мора да се согласуваат за сè, туку дека има простор за соработка, особено во областа на антитероризмот и борбата против нуклеарното оружје.

Самитот Г20 ќе се одржи на 28 и 29 јуни во Осака

Фото: EPA/EFE /SERGEI ILNITSKY

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...