Русија за шест месеци ќе го напушти Договорот за нуклеарни сили со среден дострел (ИНФ) како реципрочен одговор на повлекувањето на САД, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Рускиот претседател Владимир Путин минатиот викенд истакна дека Москва го суспендирала договорот за контрола на нуклеарното оружје од периодот на Студената војна, бидејќи Вашингтон соопштил дека се повлекува од тој договор, обвинувајќи ја Русија за негово кршење.
Официјална Москва категорично ги отфрла таквите тврдења на САД.