Рускиот министер за надворешни работи за време на престојот во Пјонгјанг разговарал со лидерот на Северна Кореја за понатамошната иднина на нивната атомска програма, јавува руското Министерство за надворешни работи.
Според соопштението, на својата средба со севенокорејскиот лидер во Пјонгјанг, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров го поканил Ким Јонг Ун да ја посети Русија. Од Москва се соопштува дека тема на разговорите меѓу Лавров и Ким Јонг Ун е севернокорејската атомска програма и прашања поврзани со билатералните односи.
Истовремено американскиот министер за надворешни работи синоќа во Њујорк го примил севернокорејскиот генерал Ким Јонг Чол со кого разговара околу подготовките на средбата меѓуТрами Ким Јонг Ун во Сингапур.
ФОТО: твитер
🇷🇺🇰🇵Sergey #Lavrov was greeted by the Chairman of the State Affairs Commission of DPRK Kim Jong-un during his visit to Pyongyang pic.twitter.com/kjixCrCZ4t
— MFA Russia 🇷🇺 (@mfa_russia) May 31, 2018