„Лавиринт“ од Ристо Лазаров објавена на српски

129

Издавачката куќа „Агора“ од Нови Сад ја објави стихозбирката „Лавиринт“ од македонскиот поет Ристо Лазаров на српски јазик. Оваа книга која во Скопје излезе пред две години лани е објавена и на чешки јазик, а веќе е искажан интерес за превод и на други јазици.

Книгата содржи 50 песни и неа авторот на поговорот, професорот Ферид Мухиќ ја нарекува поетска ревизија на архетипските митови. Класичните антички митови, оценува Мухиќ, од Тројанската војна и сите најважни херои и ликови кои одиграле клучна улога во овој настан опеан од Хомер, Казаров ингениозно ги вклучува во своите апдејтирани, осовременети опсервации, ги адаптира и ги контекстуализира , ту во најширокиот контекст на карикирање, ту сосема ги локализира на препознатливи ликови и настани од нашето секојдневие, заведливо и интелигентно водејќи не низ светот што постапно се оформува во еден вистински лавиринт во кој, сфаќаме, дека сме затворени и од кој нема ниту спас, ниту излез.

Пред „Лавиринт“, годинава во Белград беше објавена стихозбирката „Езерска“ од Ристо Лазаров, а во Бања Лука книгата песни „Цедена“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...