К-15 им отвори работа на работодавачите да пополнуваат електронски пријави за УЈП наместо работниците

Работодавачите се ставени во позиција да им отвораат маил на постарите вработени и на оние кои дома немаат компјутер за да може да ја испочитуваат оваа обврска.

380

Поради исплатата на К-15, најголем дел од вработените во Македонија имаат обврска за електронска регистрација на даночните пријави, изјави денеска претседателот на Органзиацијата на работодавачи на Македонија, Ангел Димитров.

– Сега 99 отсот од вработените во Македонија имаат таква обврска само затоа што зеле К-15. Излегува дека К-15 е нешто надвор од работите од работен однос, а всушност тоа не треба да подлежи на персонален данок- рече Димитров.

Димитров се пожали дека со оваа обврска кон Управата за јавни приходи, работодавачите се ставени во позиција да им отвораат маил на постарите вработени и на оние кои дома немаат компјутер за да може да ја испочитуваат оваа обврска.

– Кај нас 900 луѓе ги регистрираме бидејќи тие дома немаат компјутер за да се регистрираат. Работодавачот сега сам прави трошок и ги регистрира, им отвора маил за им помага да можат да го испочитуваат законот. Кога ги носиме законите, треба да видиме дали има реални можности за негово спроведување – вели Димитров.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...