„Кјур“ ќе го отвори Егзит фестивалот

168

Најголемиот алт-рок бенд на сите времиња „Кјур“ ќе го отвори Егзит фестивал на 4. јули. Оваа вест силно одекна во Европа, па и првата серија влезници се распродаде за само 13 минути. А меѓу првите предвесници на секогаш разновидната програма за овогодишниот Егзит е и њујоршкиот тандем – „Софи Такер“!

Молскавичниот успех го започнаа со синглот „Drinkee“, за светот да го освојат со мега-хитот „Best Friend“, кој ги лансира меѓу новите херои на помладата генерација.  Медиумите ги опишуваат како „највозбудливиот двоец на денс сцената уште од појавата на Disclosure”, додека круната на досегашниот успех беше номинацијата на минатогодишните награди Гремиа најдобра денс нумера, иако во тој момент немаа објавено албум или ЕП издание.

Како бројните успешни состави од Њујорк, така и „Софи Такер“ имаат крајно препознатлив и модерен звук, кој во нивниот случај е инспириран од музиката од ’90-тите, од џангл-поп вибрациите, до заразни хаус, афро и латино ритми. За нивниот уметнички израз Софи вели:

– Правењето музика е спиритуална работа. Сѐ е во апсорпцијата на ритамот и вибрациите – додека другата половина од бендот, диџеј Такер Халперн наведува дека целта на нивниот прв сингл била публиката да се изгуби во репетитивноста на зборовите и во движењата на телото, создавајќи своевидна шаманска атмосфера, која идеално ќе се вклопи во следното издание на Егзит фестивал кој се одржува под темата „племе“ (EXIT Tribe).

Преданоста со која „Софи Такер“ ја креираат ворлд музиката со денс и техно призвук е во самата срж на нивното творештво. Нивната естетика се огледува токму во разновидноста, како што е контрастот на бонго иструментот со гитарските делници. Од самиот почеток на сите им дадоа до знаење дека не се плашат да експериментираат, па пејачката на бендот, нивниот сингл првенец „Drinkee“ го отпеа на португалски, а тандемот со причина беше уверен дека ќе ја прескокне јазичната бариера и ќе и се допадне на разиграната публика, бидејќи споменатиот сингл ги направи препознатливи во хаус круговите. Набргу следуваше и првото ЕП издание под насловот „Soft Animals“, а по мегапопуларниот сингл „Best Friend“, го објавија и албумот првенец „Treehouse“, кој критичарите го оценија како живописно издание со експлозија од разиграност, искреност и позитивна енергија.

Во продажба се влезниците за Егзит со 55% попуст 

Во моментов во продажба е ограничен контингент комплет Егзит билети по цена од 3.580 денари, што претставува високи 55 отсто заштеда во однос на финалната цена. Цената на билетите за првиот фестивалски ден, кога настапуваат „Кјур“, изнесува 1.675 денари за партер. За истиот ден, во продажба се и влезници за фан пит по цена од 2.495 денари, како и голд вип дневни влезници за 4 јули по 6.515 денари. Влезниците за Егзит може да се набават преку официјалната страница на Exitfest.org.

ФОТО: Пасворд продукција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...