„Кјур“ во Рокенрол халата на славните

138
EPA/NUNO FOX

Еден од најзначајните бендови на сите времиња, „Кјур“, во годината во која одбележува 40 години блескава кариера, ќе биде примен во Рокенрол халата на славните, на свеченост што ќе се одржи на 29. март 2019 во Баркли центарот во Њујорк.

Ова е едно од најголемите признанија за рок музичарите, а сега првпат во историјата во изборот учествуваше и публиката.

На церемонијата, чест ќе им биде oддадена и на групите „Рејдиохед“, „Рокси Мјузик“ (на Брајан Ин), „Деф Лепард“, „Зомбис“, како и пејачите Џенет Џексон и Стив Никс.

Во конкуренција за наградите беа и групи како „Ејџ Ејџ Машинс“ и „Крафтверк“.

ФОТО: EPA/NUNO FOX

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...