Кучиња, мачки, морски прасиња и коњи на изборите во Британија ВИДЕО

532

Многу Британци денеска на гласање за вонредните избори дошле со кучиња, мачки, а некои и на коњи и за тоа објавиле фотографии на интернет.

Премиерот Борис Џонсон утрово го „отвори балот“ така што на гласање го довел и неговото куче и на Твитер објави фотографија со наслов „Кучиња на гласачки места“ .

Една Британка коментира „заборавете ја политиката, еве вистинска причина да се вклучите на Твитер“.

Британските избори прв пат од 1974 година се одржуваат во доцна есен, така што денеска врнело, а кучињата пред гласачките места чекале облечени во шарени божиќни и топли џемпери.

Градоначалникот на Лондон Садик Кан денеска гласал со кучката Луна, а кандидатот на Либерално-демократската партија Ед Дејви со своето морско прасе.

Некои гласачи од југот на Англија до избирачките места дојавале на коњи, кои ги врзале пред избирачките места, а медиумите тврдат дека гласачките места ги посетиле и два елена, пренесува српски Курир.

 

.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...