Женка лабрадор се окучи со осум кучиња, непосредно пред качување на летот на меѓународниот аеродром во Флорида.
Двегодишната кучка водич Елеонора, попозната како Ели, требало да патува со сопствениците за Филаделфија, но целото семејство морало да го пропушти летот.
Медицинскиот тим на аеродромот и помогнал на Ели да се окучи, а таа и нејзиниот партнер, кучето Нагет, сега се родители на седум машки и едно женско кученце.
Како што наведува Би-би-си, сопствениците на Ели знаеле дека таа бремена, но не ни претпоставувале дека се приближило доаѓањето на кучињата на свет.
Ели, инаку, е службено куче, обучено да им помага на луѓето со инвалидитет.
Портпарлот на аеродромот во Флорида рекол за локалните медиуми дека сопствениците на Ели, мајката и ќерка, почнале да влегуваат во авионот за Филаделфија кога кучката почнала да се окучува.
ФОТО; Твитер