Кучето од армијата на САД кое беше рането додека го бараше лидерот на Исламската држава Абу Ал Багдади е повторно на должност. Претседатеот на Америка Доналд Трамп објави фотографија од кучето херој.
Генералот Марк Мили пред новинарите изјави дека „кучето имло огромна заслуга “ во пронаоѓањето на Ал Багдади во тунелот под неговото скривалиште.
Мили истакнал дека кучесто „е полесно рането“ но, и дека сега се опоравува и е вратено на должност.
Ал Багдади предизвикал експлозија во која покрај себе ги убил и три од своите деца и го ранил американското воено куче.
Претставници на армијата на САД објавиле дека деталите за кучето се тајна вклучувајќи ги името и расата.