Курц: Новата италијанска влада би можела да го загрози еврото

282

Новата Влада на Италија би можела да го загрози еврото, оцени австрискиот канцелар Себастијан Курц, коментирајќи го доделувањето на мандатот за формирање на новиот италијански владин кабинет на анонимниот професор Џузепе Конте.

Курц за виенскиот весник „Клајне цајтинг“ оцени дека програмата на идната италијанска влада, што треба да ја фомираат антиинституционалното евроскептично Движење Пет Ѕвезди (М5С) и десничарската популистичка партија Лига, е „многу неодговорна“.

– Поради тоа Европа би можела да трегне по стапките на Грција, оцени Курц осврнувајќи се најавите на новите италијански владини партнери за зголемување на јавната потрошувачка.

Италија е најзадолжена земја во ЕУ, веднаш по Грција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...