Курц го поддржа Вебер за претседател на ЕК и Западен Балкан во ЕУ

Во исто време, Курц и Вебер во своите обраќања, остро ги критикуваа „популистите“ и предупредија на опасноста „граѓаните да паднат во нивна замка“.

107

Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска ја поддржа кандидатурата на Манфред Вебер за претседател на Европската комисија на претстојните избори за Европскиот парламент и побара пристапната перспектива за земјите од Западен Балкан да стане реалност.

– Се друго би било нефер кон кандидатите – рече Курц на седница на Европската народна партија во Виена.

Во врска со Вебер, Курц изрази задоволство што германскиот политичар од Христијанско-социјалната унија се одлучил на кандидатура додавајќи дека тоа е важен чекор.

Во исто време, Курц и Вебер во своите обраќања, остро ги критикуваа „популистите“ и предупредија на опасноста „граѓаните да паднат во нивна замка“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...