Куртулиле од коронавирус, ќе настрадале од сограѓани: Украинците евакуирани од Кина каменувани на пат за санаториум ВИДЕО

За пренесување на евакуираните од Кина биле ангажирани седум автобуси. Лицата носеле инхалатори, додека возачите на автобусите биле облечени во специјални заштитни одела. 

502

Украинците евакуирани од Кина заради коронавирусот се однесени во санаториум во градот Нови Санџари, а жителите на овој град се обиделе да го запрат минувањето на автобусите низ местото, гаѓајќи ги со камења.

Дошло и до тепачка, но полицајците успеале да ги отстранат демонстрантите и да го обезбедат минувањето на автобусите со евакуираните од Кина, јавија украинските медиуми.

Заради судирот со полицијата неколку демонстранти се приведени.

За пренесување на евакуираните од Кина биле ангажирани седум автобуси. Лицата носеле инхалатори, додека возачите на автобусите биле облечени во специјални заштитни одела.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...