Курти: Музиката и уметноста изгубија икона

280

Премиерот на Косово Албин Курти на комеморацијата по повод смртта на иконата на албанската песна и уметност воопшто, Неџмије Пагаруша, изјави дека музиката и уметноста ја изгубиле својата икона, додека државата ја изгубила својата најомилена и најпочитувана членка.

– Таа беше жена од село која уриваше предрасуди – рече Курти, додавајќи дека во својата скромност, таа побарала да биде погребана во селото Пагаруша, кај нејзиниот татко Весели, за да ја покаже својата љубов кон него.

Курти рече дека Неџмија Пагаруша била весел, но тажен славеј, која ја напушти сцената, но никогаш не ја напушти песната.

На комеморацијата присуствуваше и претседателот на Косово Хашим Тачи, претседателката на Собранието Вјоса Османи, амабасадорот на Албанија во Косово, вицепремиери, министри, културни дејци и обожаватели на делото на Неџмија Пагаруша. Нејзиниот погреб е денеска во 14 часот и според нејзината последна желба, тој ќе се одржи само во кругот на семејство.

Пагаруша почина пред два дена, на возраст од 86 години.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...