Куркумата е лек, но не за сите

На нејзините позитивни дејства, им нема крај, но нејзината употреба сепак не смее да се зема без резерви. Прекумерната доза на куркумин не само што ќе ви го наруши здравјето, туку ќе предизвика и последици со кои не сакате да се соочувате.

1619

Сигурно многу пати досега сте слушнале за здравствените придобивки од куркумата. Некои од вас можеби ја користеле како лек, а некои само како зачин. Но при нејзината консумација треба да се биде внимателен.

Комбинацијата од куркума и мед има силно антибиотско дејство кое не можат да го објаснат ниту докторите. Сепак, употребата на куркума „на своја рака“ може да предизвика сериозни контраиндикации.

Од Институтот за биолошка хемија и исхрана на Универзитетот Хохенхајм во Штутгарт, Германија, доаѓаат следните информации:

Фармаколошките активни супстанции на куркумата можат да стапат во интеракција со некои лекови и со тоа негативно да влијаат на текот на лекувањето за што би требало да бидат информирани пациентите чие здравје би можело да биде загрозено.

Значи, квалитативните вредности на куркумата се присутни, но во комбинација со некои други лекови можат да предизвикаат несакани нуспојави. Затоа пред да почнете да ја употребувате како лек, обратете се кај вашиот лекар.

Од лабораторијата за истражување на цитокин, од Одделението за експериментална терапија од Тексас, САД, доаѓа информацијата дека употребата на куркумата исклучиво во исхраната е најпродуктивна за здравјето на човекот, инаку нејзините последици можат да бидат многу штетни.

Бидејќи куркуминот е главна фармаколошка активна состојка на куркумата, за неговатаделотворна примена е најважен начинот на кој се внесува во организмот за да биде најдобро апсорбирана. Куркуминот не е растворлив во вода, туку во масти што значи дека се апсорбира во тенкото црево како и останатите масти. Заклучок е дека неговата подобра биорасположивост се воочува по неговото внесување преку храна. Храната содржи одредена количина масло во која куркуминот се растопува.

Кој не смее да ја користи?

Куркумата не смеат да ја користат луѓе во одредени здравствени состојби, односно треба да водат сметка при земањето на овој зачин во медицински цели.

Повеќе за ована порталот „Арт кујна“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...