Курдски пратеник во турското Собрание осуден на осум години затвор

58

Турски суд денеска на осум години затвор го осуди пратеникот во Собранието на Турција од курдската Народна демократска партија (ХДП), Абдулах Зејдан, под обвинение за тероризам.

Судот за тешки кривични дела во Дијарбекир го прогласи Зејдан за виновен по обвиненителниот акт за „помагање на терористичка организација на која не е член“, како и за „ширење на терористичка пропаганда“.

Турските власти ја обвинуваат ХДП дека е поврзана со Курдската работничка партија (ПКК), која се наоѓа на листата на терористички организации на Турција, САД и ЕУ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...