Курдите тврдат дека убиле 75 турски војници во Сирија

178
ФОТО: Принтскрин

Арапско-курдските сириски демократски сили ја нападнале турската армија во Рас ал-Ајин, при што загинале 75 турски војници и уништиле седум тенкови, јави курдската агенција Фират, пренесува БГНЕС.

Според истиот извор, уште 19 турски војници се повредени во нападите на Курдите.

Вчера, турското Министерство за одбрана соопшти дека стратешки важниот град Рас ал Ајин е под контрола на вооружените сили на Турција и на опозиционата сириска национална армија, кои ја водат офанзивата во северна Сирија.

ФОТО: Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...