Претставници на сириските Курди денеска соопштија дека започнале евакуација на луѓето од кампот за расселени лица, кој се наоѓа во близина на турската граница, поради „инвазијата“ на Анкара во североисточна Сирија.
Претставниците на Курдите соопштија дека турски гранати паднале во близина на кампот Мабрука, поради што е наложена евакуација.
Луѓето од кампот ќе бидат пренесени во друг камп, на југот на земјата.
Сириската опсерваторија за човекови права, со седиште во Лондон, соопшти дека во тек се интензивни судири меѓу сириските Курди и групите предводени од Турција на периферијата на Рас ел Ајин.
Кампот Мабрука се наоѓа на 12 километри од границата со Турција и засега не е познато дали има повредени. Околу 7.000 раселени лица живеат во камп Мабрика, кои побогнале од своите домови поради насилствата од страна на припадниците на т.н. Исламска држава.