Курдите бараат Франција да врши притисок врз Турција, за таа да ги прекине заканите

66

Арапско-курдската коалиција во Сирија сака Франција „да изврши притисок врз Турција, за да таа ги прекине своите закани“ како и француските сили да ја продолжат својата мисија во регионот, изјави денеска во Париз курдска претставничка, јави дописникот на МИА.

– Бараме француска дипломатска поддршка – изјави Илхам Ахмад, еден од политичките водачи на коалицијата, кој смета дека посебно француските власти „можат да извршат притисок за Турција да ги прекине своите закани.

Таа додаде дека побарала „од француските сили да ја преземат својата задача во регионот додека не се изнајде политичко решение“, додаде таа.

По најавата за повлекување на американските војници распоредени во Сирија, во Париз не се крие загриженоста за понатамошното присуство на француските војници, кои во добар дел работеа координирано со американските сили, посебно во добивањето на информации од теренот, но и со користење на многу поголемите воени капацитети на американските воени сили.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...