„Најмногу љубов и уживање на m², во новиот дом и во вечниот град Рим“ е слоганот под кој 12 купувачи на стан од Адора инженеринг, за првомајскиот продолжен викенд ќе го посетат Рим, што е подарок од компанијата за купен стан во февруари, по повод празникот на вљубените.
– Постојаната грижа за купувачите е дел од корпоративната култура на градежниот бренд кој 15 години го реализира концептот „Адора секогаш Ви нуди повеќе од дом“, возвраќајќи им за подарената доверба. Најважна состојка во секој дом е љубовта и поради тоа нашата цел беше покрај среќата со купувањето на новиот дом, на купувачите да им подариме моменти на уживање, хармонија и љубов во една од најубавите туристички дестинации во светот, вечниот град Рим – изјави Душко Чифлиганец, заменик генерален директор во Адора инженеринг, при предавањето на ваучерите за Рим на добитниците на подарокот.
– Адора инженеринг ја избрав зошто го сакам најдоброто за моето семејство. Oваа компанија е најдобра во градежниот бизнис, гради сеизмички стабилни станови и вградува градежни материјали со најдобар квалитет, а изборот на објектот Адора Flatiron Скопје е затоа што таа е најубавата зграда во Македонија. Подареното патување беше големо, неочекувано и пријатно изненадување за нас. По уредувањето на новиот дом, ќе се одмориме, ќе прошетаме и ќе уживаме во Рим, каде водат сите патишта, па и нашите – вели Сашо Јанев, еден од наградените купувачи, кои својата доверба при изборот на нов дом ѝ ја дале на Адора.
Од компанијата велат дека заедно со континуираното усовршување во изградбата на квалитетни објекти по светски стандарди, со ексклузивен стил и дизајн, продолжуваат со интересни изненадувања за купувачите, кои од овој градежен бренд со купениот дом секогаш добиваат дополнителна вредност и среќа.
Видеото од доделувањето на ваучетите за Рим на купувачите во Адора инженеринг, погледнете го на следниот линк:https://www.facebook.com/adora.inzenering/videos/1684735788269345/