Во претставата „Мојата ти“ работена по текст на Олга Димитријевиќ, во режија на Драгана Милошевски Попова, играат Александра Пешевска, Кети Дончевска Илиќ, Сања Русеска, Марко Трајковиќ и Владанка Димковска.
Годинава, кумановскиот театар ќе подготви пет претстави со поддршка на Министерството за култура и две со сопствени средства. Директорот на НУЦК „Трајко Прокопиев“, Сашо Тодоровски, информираше дека до крајот на годината ќе продуцираат уште една детска претстава, охрабрени од големиот успех на „Малата сирена“ и уште една комедија по повод „Денови на комедија“ и 500-тини години Куманово.
– Куманово е град на култура и планираме од финансиските средства што се одобрени да ја подготвиме претставата „Ленче кумановче“ која ќе ја играат актерите од кумановскиот театар и таа ќе биде прикажана на отворањето или на затворањето на фестивалот Денови на комедија-изјави Тодорвски.
Тој нагласува дека кумановската публика редовно ги посетува претставите и дека посететеноста се движи од 80 до 100 отсто исполнет капацитет на салата во кумановскиот тетатар.