Културните работници маршираат за плати (ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО)

Маршот е последно предупредување пред активирање на штрајк, предупредија културните работници.

599

Околу илјада културни работници денеска маршираат барајќи да биде донесен нов Закон за култура и да биде потпишан колективен договор кој значи уредување на платите, уредување на коефициенти според сложеност на работа, надоместоци од плата и други права од работен однос.

– Маршот е последно предупредување пред активирање на штрајк – рече актерката Сања Арсовска од Драмски тетеар и претседателка на Синдикатот на културните работници.

Маршот започнa во 12 часот од паркот „Ибни Пајко“, позади Македонската филхармонија, a продолжи пред Владата, каде хорот на Националата опера и балет изведе дел од операта „Хорот на Евреите“ од Набуко.

Маршот ќе заврши пред Министерството за култура, каде според најавеното, претседателите на сите 46 синдикални организации на СКРМ ќе ја пренесат пораката на маршот „Колективен сега“, односно дека културата бара колективен договор кој ќе стапи на сила од 01.01.2020 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...