Куба легализира приватни интернет мрежи

61

Куба ќе дозволи користење приватни безжични интернет врски (WI-FI) и увоз на опрема за тоа, со што ќе се укине едно од најстрогите ограничувања за употреба на интернет на светот.

Таквата одлука ќе им даде правен статус на илјадници Кубанци кои со шверцувана опрема која била нелегална направиле домашни дигитални мрежи, што власта во последните години го толерираше.

Иако новите мерки им дозволуваат на граѓаните со сопствената опрема да се поврзат на интернет и да делат сигнал со други, кубанската компанија која има монопол во телекомуникациите, Етекса (Etecsa) ќе остане единствен интернет провајдер на островот.

Владата соопшти дека на операторите на приватните мрежи нема да им биде дозволено да ја наплаќаат услугата, иако е нејасно како тоа ќе се спроведе.

До 2015 година единствениот начин за легално користење интернет на островот можеше да се најде во владините компјутерски центри и хотелите каде најчести гости беа странци.

Тоа се промени со активирање на десетици рутери поставени во паркови и на улични агли.

Кубанците можеа да се пријават на рутерите со картици кои ги купувале за неколку долари по час интернет, а тој трошок подоцна се намали на еден долар за час.

Новите правила ќе стапат во сила на 29 јули 2019 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...