Кубанскиот парламент го одобри новиот нацрт-устав.
Предлогот беше едногласно усвоен од страна на пратениците. Новиот устав се стреми да го зачува еднопартискиот социјалистички систем, но да воведе голема реорганизација во управувањето и да го подготви теренот за признавање на приватните претпријатија и правата на хомосексуалците, бисексуалците и трансродовите лица.
Владата, исто така, сака да направи промени во планската економија од советски тип, за да создаде „успешен и одржлив” социјализам.
Од 13 август до 15 ноември предлогот ќе биде предмет на јавна расправа, во која, според властите, ќе учествуваат милиони Кубанци.
Потоа тој ќе биде вратен за доработка во парламентот, а потоа граѓаните ќе треба да се произнесат на референдум, кој се очекува да биде спроведен до крајот на годината.