КСС ја продолжува кампања за повисоки плати во јавната администрација

Во јавниот сектор има низа на професионалнци, а според неофицијалните анализи поради ниските плати 50 отсто од нив дополнително се работно ангажирани за, како што вели Ралковски, да обезбедат еден пристоен живот за своето семејство.

161

Конфедерацијата на самостојни синдикати на Македонија (КСС) денеска во Штип ја презентираше кампањата за повисоки плати во јавната администрација, а која е насловена „Пристојна плата за пристоен живот“.

Претседателот на КСС Благоја Ралковски вели дека јавната администрација во делот на платите се приближува до социјална категорија на граѓаните. Просечната плата во овој сектор изнесува 18.000 денари, а е далеку под републичкиот просек. Ралковски забележува дека треба да почнат разговорите со Владата и во следниот ребаланс на буџетот да биде вклучено и зголемувањето на платите во јавниот сектор.

– Во јавната администрација има повеќе загрозени сектори, повеќе загрозени категории, а тоа се државните службеници, јавните службеници, наставниците, професори, култура, претшколска итн. Каде што платите, со најавите за следната година за покачувањето на социјалната помош, веќе ќе дојдат скоро на ниво на социјална помош- рече Ралковски.

Тој забележува дека во јавниот сектор има низа на професионалнци, а според неофицијалните анализи поради ниските плати 50 отсто од нив дополнително се работно ангажирани за, како што вели Ралковски, да обезбедат еден пристоен живот за своето семејство. Според Конфедерацијата на самостојни сидникати мора да престане дискриминацијата и политичкиот притисок врз јавната админситрација, со цел да биде поефикасна.

– Јавната админситрација и во извештаите на Прибе и на Европската комисија е оценета како лице на Владата. Но, дадена е насока дека треба да се ослободи од политички притисок. Значи политичкиот притисок е тој единствен што е непрофисионален во јавната администрација- вели Ралковски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...