Ксиаоми очекува да продаде акции за 10 милијарди долари

220

Кинескиот производител на мобилни телефони и електронски уреди Ксиаоми излезе на берзата во Хонг Конг, каде очекува да продаде акции вредни 10 милијарди долари.

Осум години старата компанија Ксиаоми денеска ги поднесе документите до берзата во Хонг Конг, при што вкупната вредност на компанијата беше проценета меѓу 80 и 100 милијари долари. Доколку компанијата успее да ја постигне целта од продадени акции вредни 10 милијарди долари, тоа ќе биде најголем настап на нова компанија на берза од 2014 година, кога Алибаба продаде акции вредни 25 милијарди долари излегувајќи на берзата во Њујорк.

Фото: EPA/JEROME FAVRE

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...