Круша здравје чува

Ова прекрасно, миризливо и вкусно овошје на некои им е омилена намирница, а ако внимавате на здравјето или пак на линијата, тие се одличен избор за овој период од годината

656
Круши

Крушите можете да ги јадете свежи но од нив можете да направите и разни јадења. Една круша со средна големина содржи 96 калории и е исклучително корисно овошје за варењето затоа што во својот состав има 5,1 грам влакна.

Исхраната која е богата со влакна ќе ви помогне во спречување на надуеноста и го одржуваат здравото ниво на холестеролот и добрата линија.

Крушите се полни со витамини и минерали. Содржат витамини Ц, К, Б2, Б3 и Б6. За трудниците или за мајките кои дојат, корисна е информацијата дека крушите содржат фолна киселина. А се препорачуваат и како идеална намирница за мали бебиња. Од минерали содржи калциум, магнезиум, калиум, бакар и манган. Витаминот Ц и бакарот се антиоксиданси па крушите прават чуда и за вашиот имунитет, а со оглед на тоа што почнува сезоната на настинки и грип, не заборавајте уште денес да го набавите ова овошје.

Повеќе за ова прочитајте на порталот „Арт кујна“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...