Крузер за малку ќе се забиел во историските згради во Венеција (ВИДЕО)

„Гледавме како се движи директно кон нас“ изјави еден очевидец. јавија италијанските медиуми.

690
FOTO Printskrin

Голема несреќа за малку е избегната во Венеција, каде крузер ќе се забиеше во историските згради во овој град, во кој вчера имало силно невреме.

Италијанскиот крузер „Коста Делисиоза“ вчера покрај Венеција беше зафатен од силно невреме. Крузерот за малку ќе се забиеше во другите закотвени бродови во пристаништето или во историските згради.

„Гледавме како се движи директно кон нас“ изјави еден очевидец, јавија италијанските медиуми.

Властите на Венеција почнаа истрага за случајот, во која се вклучи и Министерството за сообраќај.

Пред само еден месец, крузерот МСЦ Опера се заби во пристаништето во Венеција,  притоа беа повредени петмина минувачи.

ФОТО Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...