Крис Браун дал 30.000 долари за роденденот на ќерката

Одлично е да се биде татко. Родителството смирува. Неверојатно искуство е да се учи како да се биде татко и да се грижиш за некој друг - истакнал Крис Браун.

156

Музичарот Крис Браун за организација на екстравагантна роденденска забава на ќерка си на тема „Дизни принцези“ наводно потрошил 30.000 долари.

На забавата девојчето имало коњ и кочија, а поканетите гости можеле да избираат од разновидните јадења што ги подготвувале врвни готвачи, изјавил пријател на раперот за „Дејли мејл“.

Дваесет и деветгодишниот Браун накратко заборавил на несогласувањата со поранешната девојка, моделот Ниа Гузман (34), околу старателство над ќерката Ројалти, па заедно ја осмислиле забавата за нејзиниот четврти роденден.

На забавата имало повеќе Дизни принцези, од Јасмин од Аладин до Пепелашка, а имало и добри вили што се појавуваат во бајките.
Раперот се погрижил да уживаат и возрасните гости, па на роденденската гозба имало разни специјалитети, како колачи од ракчиња.
Децата можеле да уживаат во едноставна храна како сендвичи со путер од кикирики и џем и хамбургери и чизбургери.

На гламурозната забава како пејач бил поканет аренби музичарот Тони Стит.

Крис и Ниа имаат заедничко старателство над нивната ќерка, а раперот е близок со Ројалти од нејзиното раѓање. Нејзиното име значи припадничка на кралско семејство, а девојчето да го добие тоа име одлучила мајката.

Крис Браун посочува дека отсекогаш мислел дека музиката ќе му биде на прво место, но дека тоа сепак е неговата ќерка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...